Дознајте дали детето манипулира со вас

482

Манипулативното однесување кај децата е мошне важно прашање, кое доколку навреме не се реши, остава трајни последици врз животот и на децата и на родителите

Дури и малите деца се свесни за моќта, што ја имаат врз своите родители. На пример доколку родителите го земат в раце двегодишното дете секој пат кога ќе заплаче, всушност го тренираат дека треба да добие утеха и тоа потоа може да се навикне секогаш вниманието кон себе да го свртува со плачење и негодување.

Децата можат да научат да добијат одредени одговори од родителите на мошне мала возраст. Вообичаено тоа не се случува пред 15-от месец, но некои деца мошне брзо можат да ја сфатат динамиката и родителите тоа можат да го забележат. Родителите можат да се почувствуваат изманипулирани и може многу да му се налутат на детето. Во тој случај треба да се промени динамиката на настаните. Сетете се кој е родител, а кој дете.

Како родител морате да го одредите начинот, на кој се случуваат работите околу детето. Доколку се обиде да ве изманипулира, бидете цврсти со став дека не треба да се однесува на тој начин, но дека и понатаму го сакате.

Доколку имате постаро дете, можеби ќе сакате да поставите некои ограничувања, на пример колку долго смее да седи на компјутер. Тогаш детето ќе се обиде да ве тестира, ќе го продолжи времето поминато на компјутер, над границата, која сте ја одредиле. На ова морате веднаш да изреагирате, со тоа што на детето ќе му кажете дека договорот бил да седи на комјутер половина час дневно. Кажете му дека тоа не е во ред и оти веднаш мора да стане од комјутерот. Запознајте го детето дека доколку не ги почитува правилата, следниот ден воопшто нема да седне на компјутер.

Децата ќе ве тестираат. Некогаш тоа ќе го прават со напади на плачење и бес, но секогаш морате да бидете подготвени да се соочите со ваквото однесување и да го решите.

Се поставува прашањето дали постојат долгорочни последици, доколку на време не се зафатите со рашавање на манипулативното однесување на детето?

Одговорот е позитивен. Особено доколку се воспостави образец и детето научило како да го добие тоа што го сака со манипулација на родителите. Децата можат да бидат мошне добри во тоа. Тоа однесување ќе оди во недоглед во семејството и ќе се прошири и на други луѓе, како што се наставниците и врсниците во училиштето, но и врз другите луѓе со кои детето стапува во контакт. Никој не сака да се чувствува изманипулирано и луѓето обично тоа го чувствуваат кога ќе се случи.

Доколку навреме не го решите овој проблем, детето на крајот се формира како личност, која има карактерна мана или некој негативен аспект на карактерот. Тоа ќе го следи и кога ќе стане возрасна личност и во суштина трае цел живот. Многу е потешко да се промени нечиј карактер, кога ќе порасне.

Можете да видите секакви однесувања кај возрасните, кои биле манипулативни деца, особено доколку станува збор за некој кој сака да се извлече од својот дел од работата. Таквата личност може да го изманипулира шефот или соработникот, при што другите личности најчесто не сфаќаат целосно што се случува.

Манипулирањето може да се појави во многу различни форми. Луѓето често пати го користат чувството на срам за да го постигнат тоа што го сакаат. Ќе ги посрамат другите луѓе за да ја постигнат својата цел. Другата личност е свесна дека нешто не е во ред кога тоа ќе се случи, но често на ја согледуваат комплетната слика. Манипулацијата е тука, но не е очигледна.

Кај децата, манипулативното однесување е доста очигледно, но кога детето ќе ја усоврши уметноста на манипулирањето, може толку да биде успешно во тоа и да ги доведува луѓето во состојба да се чувствуваат непријатно, но при тоа да не можат него да го посочат како причинител за таа состојба.

Повеќето психолози сметаат дека родителите треба да се соочат со овој проблем пред десеттата година од животот.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување