Од нејзината „волшебна вода“ починале меѓу 50 и 150 лица | Баба Анујка, првиот сериски убиец на Банат

194

Во првата половина на дваесеттиот век во Владимировац се одиграла вистинска филмска, но за жал трагична, приказна.

Постојат неколку извори кои зборуваат за животот на Ана ди Пиштоња, попозната како баба Анујка, а најмногу самата таа ги кажуваше за време на апсењето и за време на судењето. „Волшебната вода“ на Анујка уби меѓу 50 и 150 лица, а таа стана позната како сериски убиец од Валдимировац.

Ана ди Пиштоња е родена како Ана Дракшин или Дракин, а според неа родена е во 1837 година. Нејзиниот татко бил богат селанец од Војводина, кој со своето семејство се преселил од Романија во Петрово Село 1849 година, тогашното име на Владимировац, во воениот регион Банат на монархијата Хабсбург. Тој ѝ обезбедил добро образование на својата ќерка, а таа била особено заинтересирана за хемија.

Анујка се омажила за дваесет години постар, сопственик на имотот Пистов или ди Пиштоња, со кого имала 11 деца, од кои само едно преживеало до полнолетство. Нејзиниот сопруг починал по дваесет години брак, а Анујка потоа се вратила на изучување на хемија.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2