„Колку е сериозен овој проблем?
По смртта на нејзиниот сопруг, Анујка претвори дел од куќата во импровизирана лабораторија и низ целиот Банат стана позната како исцелител и билкар. Најчесто дамите доаѓаа по кашите и напитоците, но честопати и млади луѓе кои сакаа да бидат ослободени од воена служба затоа што нејзините пијалоци им помагаа да се разболат.
Баба Анујка имала кафеана и контакт со голем број луѓе, но имала и соработници во другите села кои ги препорачувале нејзините напитоци.
Напитокот на Анујка бил познат како „магична вода“ или „љбовна напивка“, а на клиентите скоро секогаш им го поставувала истото прашање „Колку е тежок овој проблем?“, мислејќи на телесната тежина на жртвата. Иако клиентите верувале дека тоа е магија, Анујка ставала отров во нивните пијалоци, најчесто арсен, а откако би ја дознала тежината на жртвата, точно знаела колку отровна супстанца да стави. Клиентите од неа добивале детални упатства за употреба, со „пророштво“ дека проблемот ќе исчезне на осмиот ден од почетокот на земање на напивката; што навистина и се случувало, жртвите умрале на осмиот ден, но не поради моќта на Анујка, како што верувале клиентите, туку поради нејзините точни пресметки на количината на отровот во однос на таа телесна тежина.
Анујка, заедно со нејзините соработници, работела во областа на Банат цели четириесет години. Спорадични обвинувањата доаѓаа до австро-унгарските власти, но немало одговор, затоа што Анујка плаќала даноци и живеела мирен живот.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 3



















