
Судење
Првото судење на Баба Абујка било во јуни 1914 година во Бела Црква, меѓутоа, поради недоволно докази, таа била ослободена.
За второто судење, властите биле подобро подготвени. Баба Анујка имала неколку соработници, од кои некои, незадоволни од наградите што ги добиле, со задоволство сведочеле против неа. Извршени се неколку ексхумации и кај сите се пронајдени честички од арсен и жива. (Голем број клиенти одбиле да ги ексхумираат телата на нивните најблиски, за да не се доведе во прашање нивната вмешаност, односно дали знаеле или не дека баба Анујка всушност продавала отров.)
Поднесено е обвинение против бабата Анујка за убиство на Никола Момиров и Лазар Лудошки. Уапсена на е 15 мај 1928 година, кога имала 90 години. Пресудата е донесена на 6 јули 1929 година. Анујка била осудена на 15 години затвор за соучество во двете убиства.
Смрт
Постојат две приказни за тоа како завршила баба Анујка, серискиот убиец од Владимировац. Едниот вели дека Анујка била ослободена на 98-годишна возраст, по осум години затвор поради старост, и починала две години подоцна во нејзината куќа во Владимировац, кога имала околу 100 години.
Други извори велат дека таа била во затворот Пожаревац сè до почетокот на Втората светска војна во Србија, кога германските војници ја ослободиле од занданата. Според овие извори, таа живеела 104 години.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















