Неколку совети за “зафатените” мајки

1402

Запишувајте

Запишувајте сè. Сите цели, планови, желби, идеи, контакти, обврски, задачи… можете да ги запишувате на лист хартија, на вашиот мобилен, таблет или компјутер, како вам ви е најлесно.

Групирајте ги сличните задачи

Групирањето на сличните задачи или задачите кои можат заедно да се завршат, ќе ви помогнат да искористите повеќе од времето. Ако на пример повеќе пати одите до истото место, поради тоа што треба да купите различни работи, но ви се запишани на различни места и не сте забележале дека можете да ги најдете на истото место, тогаш беспотребно ќе изгубите многу време.

Кажете „не“

Кога ќе имате некоја нова можност за кога треба да посветите време, запрашајте се: Кој е најпаметниот и најдобриот начин за трошење на моето време во моментов и што можам да тргнам од агендата за да направам место за ова? Ако новата можност едноставно не се поклопува со другите ваши обврски и едноставно не се поклопува со вашето време, тогаш кажете „не“.

Проценете го вашето време

Најлесниот начин за да се изгубите во обврските и да не можете да се снајдете со времето е ако не знаете реално колку време ви е потребно за да завршите одредена задача. Проценете колку време трошите на вашите обврски и задачи и според тоа правете распоред и план како ќе завршувате сè што е потребно.

Бидете флексибилни

Работите се менуваат, а новите можности понекогаш може да бидат важни и итни, затоа, бидете флексибилни и менувајте го вашиот распоред и план и како приоритети ставајте ги само најважните работи.

Создадете рутини

За да можете да одвојувате време за важните работи, потребно е да создавате рутини. Одвојте регуларно време за да поминувате време со партнерот, со децата или пак за други активности кои се важни во вашиот живот. На пример, секоја вечер поминувајте време со своето семејство и зборувајте за тоа како сте го поминале денот и кои се вашите идни планови.

Одвојувајте време за себе

Една од најважните работи е да одвојувате барем малку време за себе. На тој начин ќе можете повеќе да се посветувате на тоа да најдете баланс во својот живот. Со тоа што ќе се чувствувате одморени и релаксирани, ќе можете да правите планови за сè останато.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.