Лицата кои страдаат од мигрена имаат недостиг на витамини

373

Истражувањето на американските научници од Детската болница во Синсинати укажува на недостиг на витамини кај многу млади лица кои страдаат од мигрена.

Научниците планираат дополнителни истражувања со цел да се утврди дали може земањето на дополнителни витамини да ја намали болката кај лицата кои страдаат од мигрена.

Истражувањето е извршено кај деца, тинејџери и млади возрасни лица.

Голем дел од испитаниците страдале од недостиг на витамин Д, рибофлавин и коензим Ку-10, супстанци слични на витамините кои се од суштинско значење за производство на енергијата за раст и клеточната функција.

Недостигот на коензим Ку-10 бил посебно истражуван кај девојчиња и девојки кои патат од мигрена, а кај момчињата е забележана значитело ниска концетрација на витамин Д во крвта.

Недостигот на коензим Ку-10 и рибофлавин бил најизразен кај испитаниците со хронична мигрена.