Ракчиња на скара со маринада од лук

3536

Морската храна е исклучителна здрава и корисна за организмот, но е скапа за често консумирање во ресторан.

Од друга страна пак, нашите кујнски навики, некако не ги вклучуваат во домашната исхрана. Најчесто тоа се должи на верувањето дека е потешка за подготовка.

За да ве убедиме дека не е така, ви прикажуваме еден рецепт кој ќе ве увери во спротивното!

Потребно

  • 1 кг свежи излупени ракчиња
  • 6 лажици масло (сончогледово)
  • ¼ чаша маслиново масло
  • 1 лажица мелен лук
  • 1 лажица мелен кромид
  • 2 лажици сецкан свеж див кромид
  • сол и бибер по вкус
  • ½ лажичка црвен пипер

Подготовка

  • Загрејте ја скарата на висока температура.
  • Во меѓувреме, во голем сад измешајте го маслтоо, маслиновото масло, лукот, двата вида кромид, солта, црниот и црвениот пипер.
  • Промешајте многу добро.
  • Додадете ги ракчињата во маринадата.
  • Оставете ги за околу 15 минути да впијат од мирисите и соковите.
  • Подмачкајте ја скарата.
  • Печете ги ракчињата од секоја страна по 2-3 минути, за да не загорат.