НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КАКО НАВИСТИНА ИЗГЛЕДАЛ | Прашање кое многумина ги мачи: Зошто Исус, кој е роден на Блискиот Исток, го замислуваме како бел Европеец?

1291

Без разлика на вашата религиозна припадност, историчарите прифаќаат дека Исус, како човек, постоел. Меѓутоа, она што не е јасно е како тој изгледал.

Бидејќи Исус бил Галилеец кој е роден и израснат на Блискиот Исток, би помислиле дека Исус ќе изгледа како човек од Блискиот Исток. Но не. Некаде на патот, Исус станал белец и многу западни христијани сега догматски го штитат овој изглед. Со оглед на долго документираната историја на расизмот во западната цивилизација, не е баш шокантно што Исус е претставен како белец.

Неколку описи на Исус во Библијата се контрадикторни еден со друг

Новиот завет дава малку описи на изгледот на Исус или на било кој друг. Неколкуте текстови што постојат се тешко сигурни докази, бидејќи го опишуваат Исус со некои луди иззрази.

Визијата на Јован за Исус во Книгата на Откровението: „Косата на главата му била бела како волна, бела како снег, а очите како пламен оган… Нозете му биле како запалена бронза… Лицето му било како Сонцето кое силно сјае“ (1:14-16). Очигледно, овој приказ зборува за Исус помалку како човечко суштество, а повеќе како Бог.

Описите на Стариот Завет зборуваат за доаѓањето на Месија (за кој христијаните веруваат дека е Исус) и го опишуваат како „поубав од човечките деца“ (Псалми 45:2). А стихот за кој се верува дека се однесува на Исус вели: Неговите назири биле почисти од снег, побели од млеко, потемно тело од рубини, глатко како сафир: а лицето поцрно од јаглен“ (4:7-8 ).

Белината е поврзана со чистотата, а Исус бил чист

Продолжува на страна 2