Во последно време, тешко да мине и ден, а во медиумите да не се појави кој знае која по ред приказна за скандал кој вклучува некоја славна личност и случај на сексуално вознемирување, педофилија или силување.
Сепак, во тое море обвинувања постои еден интересен шаблон, кој упорно се повторува, а вклучува мажи кои мастурбирале пред свои вработени или колешки.
Ги имаме Харви Вајнстин, Луи Си-Кеј, а неодамна во слични проблеми се најде и политичкиот аналитичар Марк Халеприн, кого поранешната колешка го обвини дека во неговата канцеларија маструрбирал пред неа.
Нема врска со сексот?
Нема сомнеж дека слични обвиненија ќе доаѓаат во деновите што доаѓаат, но многумина се прашаа во што е тајната и што толку привлекува во чинот на самозадоволување додека шокираната жртва гледа со страв или гадење?
Александра Кетиакис, секс терапевтка и директорка на ЦХС (Центар за здрав секс), за списанието „Ролинг стоунс“ објасни дека принудувањето некој да ве гледа додека мастурбирате, всушност нема врска со секс.
– Не станува збор толку за сексуален чин, колку за насилство. Она што личноста ја возбудува е понжувањето на неговата жртва. Станува збор за еротизиран бес, кој се изразува на садистички начин. Токму таквата реакција на жртвата, сексуално ги возбудува бидејќи станува збор за моќ и контрола, објаснува Кетиакис.
Не мислат дека направиле нешто погрешно
Границите кои сами си ги одредуваат се причина поради која сексуалните престапници бираат ненасилен чин, како што е соблекување или мастурбирање пред други, а не допирање или силување.
– Во повеќето случаи, ненасилсните престапници не ја минуваат таа граница, вели Кетиакис.
Силувањето е паталошки чин и претставува кривично дело, додека егзибиционизмот е прекршочно дело. Би можеле да кажеме дека егзибиционистите имаат подобра контрола над своите нагони.
Иако престапниците често не чувствуваат дека ја преминале границата и направиле нешто насилно, нивниот чин остава долабоко емотивно влијание на жртвите, на кои тоа може да им биде многу трауматично искуство.
Секусуалниот терапевт др. Хернандо Чавез тврди дека ма жртвите им е тешко да се тргнат од таа ситуација.
Почнуваат да го потиснуваат срамот. Престануваат да им веруваат на мажите или генерално на луѓето околу тоа дали ќе ги почитуваат нивните граници. Дури може да почнат да се обвинуваат себе си затоа што воопшто дозволиле да се најдат во таква ситуација.
Зошто си го дозволуваат непростливото?
Во Холивуд тоа функционира така што разни менаџери на крајот ќе направат се за таквите приказни да се отстранат од медиумите, а моќните немаат причина да го сменат своето однесување. На крајот на караиштата не можеме да заборавиме дека вајнстин е обвинет за силување, а неговата реакција на тоа беше да се пријави на клиника за одвикнување од секс…небаре е зависен од порнографија.
Таквото однесување создава околина во која сексуалните предатори се впуштаат во се полоши ситуации.
– Таквите личности губат контрола. Со дозволуваат однесување кое не може да биде простено и не можат да се запрат се додека некој не ги фати и тогаш целиот нивни свет се урива, истакна Кетиакис.
Луис Си. Кеј. во своето обраќање до медиумите напиша:
“Во тоа време си велев дека е во ред тоа што го правам, бидејќи никогаш на жените не им го покажував пенисот пред да побарам нивна дозвола. Она што прекасно го сфатив е дека кога имате моќ над некои личности, да ги прашате да го видат вашиот пенис и не е некое прашање. За нив тоа е непријатност“.
Иако приказните за неговото однесување се вртеа веќе со години, комичарот упорно ги негираше, и дури кога дојде до масовна осуда која се заканува да му ја уништи кариерата, Си-Кеј одлучи јавно да проговори за обвинувањата и своето однесување.
– Мислам дека неговото писмо е интересно. Ми кажува дека е свесен оти тоа што го направил е проблематично и поради тоа чувствува срам, оцени Кетиакис и додаде дека е многу позитивно тоа што многу жени сега јавно ги прозиваат своите злоставувачи. Она што го направиле е страшно и последици мора да постојат, а жените мора јавно да зборуваат за тоа, објаснува Кетиакис.
Што откако ќе бидат прозвани?
Сепак, таа смета дека истовремено, мора да се отиде подалеку од јавно прозивање и да се постави прашањето зошто некои мажи така се однесуваат.
– Да имаме разбирање за извршителите. Такви луѓе не се создаваат во вакуум. Мажите кои така се однесуваат се чувствуваат сексуално недораснати. Мораме да се прашаме што им се случило и зошто тоа го прават. Не за да пронајдеме оправдание за нивното однесување, туку за да научиме што ги мотивира и да помогне во спречување на следните случаи. Дали биле емотивно или физички злоставувани? Дали се чувствуваат помалку вредни? Тие се полни бес и ги преминуваат границите се додека тоа не добие монструзни размери, вели Кетиакис и додава: Како да ги натераме да ја сфатат својата одговорност, а истовремено и жените да се напра