Свежиот зеленчук содржи повеќе витамин Ц од некои овошја, затоа што овој витамин има главна улога во зајакнување на сврзното ткиво.
Најдобро што можете да направите за мазните бутови и задник е секојдневно да ги консумирате овие зеленчуци кои го ублажуваат целулитот:
Сладок компир
Содржи калиум, витамин Ц и Е, односно бета каротин. Одличен антиоксиданс кој ја подобрува циркулацијата на крвта и ги елиминира токсините – двете најважни работи кои ви требаат кога сакате да го отстраните целулитот.
Брокула
Содржи алфа липоична киселина која помага во зацврстувањето на колагенот. Покрај тоа, брокулата е одличен извор на витамин Ц и прехранбени влакна. Калциумот е третата причина што го прави одличен борец против целулитот.
Прокељ
Овој мал, лиснат зеленчук кој наликува на минијатурна зелка е полн со витамин Ц и може да го консумирате свеж или проварен на пареа. Покрај тоа, содржи супстанци кои го подобруваат нивото на колаген во телото.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















