Она што нѐ држи заедно може и да не раздели

1003

Време е да размислите за сите фактори кои би влијаеле во вашата потрага по нов партнер.

Навистина можете да се изненадите како многу причини кои биле поттик за започнување на врска, многу пати се покажале и како причина за прекин на истата.

Прочитајте за повеќето особини кои се вистински меч со две острици кога станува збор за љубовните врски.

Физичка привлечност

Физичката активност е првичната причина која не доведува да посакуваме определена личност. Доколку размислуваме на подолги патеки, секогаш треба да ги ставате човечките карактеристики слични на вас пред физичкиот изглед. Практиката покажала дека врските кои се засноваат на физичка привлечност траат многу помалку од оние каде карактерот е пресуден.

Слични карактери

Многу пати сме привлечени од личности кои имаат многу слични особини со нашите. Колку и да ваквите особини имаат позитивни ефекти, кога е во прашање депресијата, анксиозноста, невротичноста и други специфични состојби, сличностите знаат да бидат одлучувачки за крај на една врска.

Тајни врски

Споделувањето на тајните навистина ги зближува партнерите и создава блискост и доверба помеѓу нив. Споделувањето на сексуалните тајни знае да биде исто така со воодушевувачки позитивен ефект. Сепак криењето на врската од околината не функционира на долги стази и најчесто завршува по неколку месеци. Ваквиот крај резултира со самиот факт дека многу пати кога имате проблеми со вашиот партнер, вие не успевате да ги споделите своите дилеми со своите пријатели и на тој начин пропуштате да добиете објективно мислење на ситуацијата.

Високи очекувања

Позитивните очекувања најчесто влијаат да се зголеми желбата за напредок на партнерите заедно и посебно. Навистина е убаво чувството кога очекувате вашиот партнер да се однесува фино во определени ситуации и тој навистина не ги изневерува вашите очекувања. Но што правиме во ситуации кога партнерот нема да одговори согласно вашите стандарди? Високите очекувања колку што се добри толку знаат и да бидат катастрофални за една врска, бидејќи може да доведат да се чувствувате разочарано од вашиот партнер.