Бебињата препознаваат кој е добар, а кој лош човек

1496

Во шестиот месец од животот бебињата одвај можат да седат, а не па да одат, лазат или зборуваат. Ама, и покрај тоа, според некои психолози тие имаат веќе изграден рудиментален морален код – можат да направат разлика меѓу добро и лошо.

Уште во шестиот месец детето веќе почнува да регистрира како се однесуваат луѓето околу него, и соодветно на тоа да насетува кои луѓе се потрпеливи и пољубезни (условно речено „подобри“), а кои понервозни и погруби (условно речено „полоши“).

Фактот што дете кои сé уште не е способно да зборува, може да прави социјална диференцијација на светот е феномен, го потврдуват неколку професори од универзитетот Јејл.

Нивните заклучоци се базирани на неколку експерименти направени врз бебиња, преку куклена претстава. Во првиот бебињата гледаат фигура (на пример триаголник со очи) која се искачува по рид. Одвреме навреме се уфрла втора фигура која ѝ помага на првата да се искачи, но потоа и трета фигура која ѝ попречува на првата да се искачи. На крајот бебињата ги подавале рацете токму кон втората фигура (таа што помагала), очигледно одбивајќи ја таа „лошата“. Овој тест бил успешно спроведен на 24 од вкупно 26 бебиња.

Во сличен експеримент, истражувачите приредуваат куклен театар во кој сива мачка се обидува да отвори голема пластична кутија. Таа се обидува ли обидува, но едноставно не може да го крене капакот до крај. Тогаш доаѓа зелено зајаче и ѝ помага. Во второто сценарио сé се повторува, но доброто и лошото зајаче се во други бои, за да се избегне можноста дека бебињата ќе ги одберат чисто поради тоа што им се допаѓа бојата