Недостатокот на магнезиум се одразува прилично лошо на многу функции на организмот.
Ова е еден од најпотценeтите минерали, а всушност може да предизвика болки во мускулите, анксиозност и др.
Токму затоа не дозволувајте вашето тело да искусува магнезиумски дефицит. А, еве ги и знаците кои не треба да се игнорираат:
1. Го мразите зеленчукот
Најчеста причина за магнезиумски дефицит е диетата лишена од богата со магнезиум храна. Луѓето кои не консумираат зеленчук, кафеав ориз, јатки и семки, може и да страдаат од недостаток на овој минерал и треба да го прифатат како додаток.
2. Се чувствувате под стрес
Недостатокот на магнезиум нè прави подложни на стрес. Ако почувствувате дека се потите повеќе во последно време, ако сте вознемирени и се чувствувате лошо ментално и физички, тогаш почнете да пиете магнезиум.
3. Јадете само нездрава храна
Ако наместо да консумирате овошје и зеленчук се храните со брза храна со лош квалитет и конзерванси, тогаш најверојатно телото чувствува недостаток на магнезиум.
4. Најмалото нешто ви предизвикува главоболка
Ако главата ве боли често, тогаш најверојатно имате дефицит на магнезиум. Почнете да го внесувате во исхраната овој минерал и веднаш ќе почувствувате дека главоболката ви доаѓа поретко.
Продолжува на страна 2



















