Да се поминува време денес во жалење за тоа што нѝ се случило вчера, нема да нѝ го направи подобар утрешниот ден

1630

Ова е тешка порака, но дозволете ми да ви објаснам. Што ќе се случи ако утре се разбудите само со она за што сме биле благодарни денес? Што би нѝ останало?

За тоа треба добро да размислиме.

Лесно е да се биде нервозен секој ден. Ако сакате да пронајдете причина да бидете нервозни, ќе ја најдете. Ако сакате да најдете причина да се расправате со некого, ќе ја најдете! Ако сакате некој да ви оди на нерви, ќе ви оди на нерви.

Секојдневно имате безброј прилики да бидете фрустрирани, разочарани или изнервирани од луѓето, со местата или ситуациите околу вас. Во постојан предизвик сме да не го гледаме нашиот живот онаков каков што е, туку го доживуваме полошо отколку што е.

Не треба да трошиме ниту една секунда од својот живот жалејќи се, бидејќи со поплаки не решаваме проблеми, туку ги привлекуваме. Секогаш кога имаме поплака за нешто во нашиот живот, самите се спречуваме да се промениме.

А жалењето е заразно. Кога тоа го правиме, ние тоа им го даваме на сите околу себе, што значи дека се опкружуваме со оваа „приговарачка култура“.

Сите го знаеме следново: Да се поминува време денес во жалење за тоа што нѝ се случило вчера, нема да нѝ го направи подобар утрешниот ден.

Кога се жалиме на нашето семејство, многу е важно да се има предвид дека има некои кои штотуку ги изгубиле своите родители.

Кога се жалиме на нашата работа, важно е да разбереме дека некој некаде едноставно ја изгубил својата работа. Кога се жалиме на факултетот или на училиштето, многу е важно да запомниме дека милиони деца немаат можност да учат.

Ако денес е последниот ден од вашиот живот, како би го смениле начинот на кој зборувате?

Ако денес е последниот ден од вашиот живот, како би го смениле вашиот начин на размислување?

Ако денес е последниот ден од вашиот живот, како би го промениле вашето однесување?

Како би го смениле начинот на кој се поврзувате со оние кои ви се најблиски?

Како би го смениле начинот на кој се однесувате кон секој што го запознавате или видите?

Никогаш не можете да знаете кога она последното што сте го кажале ќе биде и последен пат кога таа личност го слушнала вашиот глас.

Дали сте задоволни од последното нешто што сте ѝ го кажале на вашата сакана личност? Дали сте задоволни од последната мисла што сте ја имале за нив? Дали сте задоволни од последниот начин на кој сте се однесувале кон некого во животот?

Издржете 24 часа без да се жалите и забележете како се менува вашиот живот. Тајната на поседување на сè што сакате е во свесноста за тоа дека веќе го поседувате.

И не заборавајте, внимавајте што ќе му кажете некому денес, затоа што утре можеби нема да имате можност да се извините.

ne uzimaj ništa zdravo za gotovo

Dobro promislite šta ćete nekome reći danas, jer sutra možda više nećete imati priliku da im se izvinite.Pogledajte!#višeodživota

Gepostet von VIŠE od života am Montag, 7. Oktober 2019