Samantha Escobar | “Не сум ниту жена, ниту маж”

199

“Не бев загрижена кога излеав сè во еден Facebook статус. Не бев загрижена и кога го притиснав копчето, кое предизвика десетици повици, коментари и пораки“.

Во овој дух Сaманта Ескобар, стилист и моден советник, му кажа на светот дека не е ниту маж ниту жена, пишува Cosmopolitan. Не ја растревожи фактот дека целиот свет веќе ќе знае. До неа има две вистински пријателки, кои ја поддржуваат. Големото откровение се случило ноќта на Божик во 2015 година.

“Кога бев млада често се прашував што би било ако сум момче”, раскажува Ескобар.

Нејзината мисла не се насочивала околу некаква имагинарна желба да биде третирана како член на посилниот пол. Таа само сакала да има машко тело, за неа било интересно.

“Сепак ги ценев сите аспекти на женската анатомија, која ја имав, но за една девојка со јасна полова припадност, што уште е во основното училиште, било многу збунувачки и непријатно се уште да нема конкретизирано и дефинирано пол”, дополнува Сем.

Тоа се однесува до социјално утврдените улоги, однесувања и карактеристики својствени за мажот и жената. во овој ред на мисли таа не била свесна на која страна е …

“Кога имав околу 9 години не бев целосно привлечена од момчињата, не знаев што значи зборот геј или што воопшто е половото одредување”, раскажува уште Сем.

Во овие рани години таа немала храброст да ја премине границата на јавната норма. Не смеев да сменам нешто со мојата облека, грижејќи се да не бидам опсипана омраза, која инаку редовно демне по улиците.

Единствено што направила било да ја истражува сопствената љубопитност во подоцнежна фаза – во колеџ.

“По часовите поминати на хомо-центричните сајтови (ЛГБТ), сфатив дека не сум само ексцентрична, туку донекаде се идентификувам со машкиот пол”. Но, за Сем тоа немало врска со пивото, спортовите или “браќата”. Според неа било повеќе на сексуално ниво, бидејќи таа самата се гледа од машката, активната страна.

Со времето таа споделила за специфичната природа со некои свои блиски пријатели кои ја поддржувале, но и покрај тоа биле збунети.

Нејзината љубов кон модата и шминката била во спротивност со полот, кој го препознавала.

“Во еден момент имав момче за дечко, но додека тој се обидуваше да ме поддржува, моите внатрешни стравови засилија и ги затегнаа и без тоа сложените односи, поради што се разделивме“, вели Ескобар.

Единствениот начин да ја покаже својата сложена полова суштина била таа да се прикажува во повеќе андрогин изглед.

И така Сем почнала сè почесто да ги посетува машките секции во продавниците за облека. Купила дури и затегнувачки корсет за да ги скрие очигледните анатомски лузни кои ги има секоја жена. Но, овие парчиња облека не биле прикажани надвор. Стегачкиот корсет, многуте шминка и разните експерименти останувале строго чувани во огледалото на Сем. Тоа бил нејзиниот процес на себеспознавање и потрага по вистинското јас, кој се покажал како болен и исполнет со разочарувања.

“Моето 21-годишно јас не можеше да се реорганизира, така што ќе се впише во конкретен стандард”, се сеќава таа.

“И така, додека бев на колеџ, се вратив назад во плакарот, кај тајните. Се откажав од тоа да ја барам сопствената еволуција, бидејќи не се чувствував доволно силна за да продолжам“, дополнува Сем, а животниот пат продолжил со клиничка депресија, нарушувања во исхраната и посттрауматски стрес предизвикан од десетиците промени кои таа самата си ги наметнала во времето.

Овој период од животот ѝ бил така тежок што таа почнала да се дели со своето минато. Ја фрлила машката облека, престанала со обидите да се шминка како маж и ги оставила работите едноставно така.

Години подоцна, некаде во Њујорк, Ескобар наидува на помала заедница во која е пречекана различноста со отворени раце и каде се правеле заедно дискусии на болни теми. Таму таа го открива најважното нешто за себе –

“Не е потребно да изгледам како маж, за да се идентификувам како таков, туку да се чувствувам како таков”.

И тоа ја направило среќна.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.