Објавено January 21, 2017. Прочитано 17132.
Едно е да се има разум и да се работи врз основа на принципи, а друго е да се има искуство, исто така, разум, но и доверба во другите да им овозможиме со наша поддршка да одат во насока во која сакаат.
Авторот Olga Valyaeva укажува на некои од разликите …
- Кога нејзиниот сопруг ќе направи грешки, разумнатажена тоа ќе му го натрие на нос и вели: “Ти реков.”
- Мудрата жена ќе го поддржи, ќе се обиде да го расположи, а понекогаш се прави дека тоа никогаш не се ни случило.
Разумната жена ги зема дизгините во кризна ситуација и го учи сопругот како треба да се работи.
Мудрата жена, на многу суптилен начин му ја покажува вистинската насока и го поддржува во намера да ја постигне својата цел.
- Разумната жена секогаш им помага на своите децата да учат математика, мислејќи дека тие не можат да бидат успешни без неа.
- Мудрата жена сфаќа дека нејзините деца се единствени, и ги охрабрува да го прават она што ги прави среќни.
Разумната жена се обидува да ги надмине другите на работа, и никогаш не прави грешки, имајќи предвид дека повеќето колеги се плашат од неа.
Мудрата жена помага да се создаде атмосфера во која ќе владее љубов и почит меѓу колегите.
- Разумната жена во чекор ги следи своите деца, дури и кога тие ќе пораснат, им дава совети и кога тоа не го бараат од неа, и им кажува како правилно да ги одгледуваат своите деца.
- Мудрата жена им овозможува на децата сами да стекнат животно искуство и ги поддржува без разлика на сѐ.
Разумната жена се спротивставува на влијанието на свекрвата, ја брани својата независност од своите родители, и често им се спротивставува на нивните совети.
Мудрата жена ќе сослуша што другите имаат да кажат. А потоа ќе направи она што мисли и чувствува дека е исправно – но со добра волја во срцето.
- Разумната жена сака да го промени светот и сѐ што е околу неа.
- Мудрата жена се обидува да се промени, и да ги прифати другите, такви како што се.
Разумната жена мисли дека можеме да бидеме среќни само кога сме во право.
Мудрата жена знае дека сме во право кога сме среќни.