Формата навитаминот Б3 – никотинамид, ја намалува за 23% смртноста од рак на кожата (без меланом, кој не бил предмет на истражувањето).
Резултатите од спроведеното истражување во Австралија ќе бидат претставени на годинешната конференција на американското здружение за онколошки заболувања / American Society of Clinical Oncology / во Чикаго. Никотинамидот е безопасен, не е скап и може да се купува без рецепт, посочуваат авторите на студијата.
“Ова е првата солидна индикација дека инциденцата на ракот на кожата може да се намали со примањето на обичен витамин, во комбинација со заштита од сонце”, рече на прес-конференција д-р Дајона Демијан кој е професор по дерматологија во Сиднеј и ја спровела клиничката студија.
“Ние се надеваме дека овие резултати ќе имаат веднаш клиничка апликација”, рече таа и додаде дека луѓето од ризични групи треба да продолжат да се прегледуваат редовно профилактично кај дерматолог.
Научниците го спроведоа истражувањето кај 386 лица, кои веќе имале рак на кожата / но не меланом / во последните пет години, што се смета за висок ризик фактор за нова болест.
Половина земале по 500 мг никотинамид дневно, а другите – плацебо, во текот на 1 година. По овој период кај првата група заболените биле со 23% помалку. Шест месеци по прекинот на земањето на витамини – ризикот за двете групи се израмнил.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















