Кинески специјалисти утврдиле дека богатството на производи од соја во менито, како на пример на тофу, го намалува ризикот од рак на простата, соопшти Food Consumer.
Научниците извршиле истражување на 100 доброволци со рак на простата и без оваа болест. Тие докажаа дека високата концентрација на генистеин, компонента на соиниот протеин, го намалува со 65 проценти ризикот од рак на простата.
Просечната концентрација во плазмата на луѓе без рак била 728,6 нанограма на милилитар. А кај луѓе со рак на простата – 513 нанограма на милилитар.
За да се впушта генистеинот во организмот, само треба да се јадат повеќе производи со соја. Во сојата се содржат и важни изофлавони – даидзеин и глицитеин кои потсетуваат на естрогенот. Тие влијаат врз контролата на клеточниот циклус, апоптоза, ангиогенезата (формирање на нови крвни садови) и метастази. А овие процеси се многу важни за ракот.