Зелен чај | Најздрав пијалок во светот

1672

Зелениот чај, кој е богат со антиоксиданси и други состојки корисни за здравјето, е најздравиот пијалок во светот, тврдат експерти, кои се добро упатени во моќта на делувањето на билките

Докажано е дека две до три шолји дневно од овој напиток можат да го намалат ризикот од кардиоваскуларни заболувања за 31 отсто, а дијабетисот за дури 42 процента.

Состојките кои се наоѓаат во зелениот чај генерално влијаат врз нервниот систем, го подобруваат менталното здравје и спречуваат појава на Алцхајмерова и Паркинсова болест.

Исто така, докажано е дека жените кои пијат зелен чај можат да го намалат ризикот од карцином на градите за 22 отсто, а мажите ракот на простата за 48 проценти. Од друга страна, редовното конзумирање на овој напиток го намалува ризикот од карцином на дебелото црево за дури 57 отсто и ги уништува бактериите кои доведуваат до кариес и проблеми со забите.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.