Како да ги ублажите контракциите

1242

Раѓањето е посебен момент, кој се одвива различно кај секоја родилка. Ако планирате природно породување, погледнете што може да ги олесни породилните болки.

Масажа за време на раѓање

Масажата за време на бременост има голем број на позитивни ефекти. Без разлика дали сте посетувале некоја кога ќе ги почувствувате првите контракции е добро грбот да биде нежно масиран. Ова е еден пријатен и природен начин вашето тело да оддели ендорфини, кои се хормони против болка.

Ароматерапија за време на раѓање

Постојат голем број на етерични масла, кои може да ги поставувате во мирисна светилка или за масажа директно на кожата уште за време на бременоста, но се разбира и за време на породувањето. Убаво е да се консултирате со ароматерапевт.

Масла кои може да ги употребите заедно со топол компресор, и да бидат дел од вашата опуштеноа масажа или да ги ставите во миризлива светилка се:

  • Етерично масло од салвија – има аналгетски, седативни својства
  • Масло од Нерон – за моментите во кои се чувствувате исплашено и нервозно
  • Масло од јинг јанг – делува смирувачки
  • Масло од лаванда – смирува и е добро за болките во грбот и екстремитетите

Мека топка

Сите сме ги виделе големите меки топки на кои родилките се релаксираат. Тие личат многу на фитнес топки.

Многу бремени жени избираат да седат на таква топка или да застанат на колена и да се опуштат на неа. На овој начин успеваат да ја намалат силата на контракциите.

Пијте вода

Кога вашето тело е дехидрирано, грчевите се чувствуваат уште посилно. Освен ако немате забрана од вашиот лекар, специјалистите препорачуваат за време на породувањето да се пијат многу течности, особено вода.