Овие работи не треба да им ги ветувате на децата

136

Родителите се склони кон тоа да ги „поткупуваат“ своите деца со цел да го направат она што тие го бараат од нив, да избегнат карање, да ги заштитат од разочарување или пак да им дадат надеж.

Професорката и одговорна за воспитување на деца и авторка на книги за деца, Силвија Рус, потенцира дека децата го запаметуваат она што им го кажувате и дека вашите реченици се и ваша обврска, па ако ги прекршите ветувањата, вие ќе ја изгубите довербата кај нив.

Погледнете ги најчестите ветувања кои ги даваат родителите и притоа ги прекршуваат, а кои не се добри за развојот на децата.

Ветување дека нема да ги боли

Болката е субјективна, па ако отстранувањето на фластерот вам ви се чини како нешто мало и безначајно, детето тоа може да го доживува поинаку. Наместо да кажете дека воопшто нема да боли, можете да им кажете дека ќе боли малку, но дека брзо ќе помине.

Ветување дека ќе се вратите дома пред тие да заспијат

Бидете внимателни со ветувањата кои ги давате, а кои не се под ваша контрола. Наместо да им ветите дека секако ќе се вратите дома пред тие да отидат во кревет, кажете им дека ќе дадете сѐ од себе за да се вратите што е можно порано.

Ветување дека не денес, туку наредната недела ќе си игра со другарите

Децата ги паметат деталите. Ако ветите нешто за следната недела, тие цврсто ќе се држат до тоа. Затоа, понудете им подобра алтернатива и кажете им: „Ќе разговарам со мајката на твојот пријател и ќе се обидам да договорам ваше дружење кога ќе одговара на сите“.

Ветување дека ќе ги одведете некаде откако ќе ја исчистат својата соба

Поткупот нема да им помогне на децата да научат да се мотивираат. Прескокнете го ветувањето за слатките работи и помогнете им да ја сфатат смислата на причините и последиците. Обидете се со нешто вакво: „Треба да ги собереш играчките затоа што некој би можело да се сопне и да падне“.

Ветување дека кога ќе ја напише домашната задача ќе биде најпаметно дете во класот

Помогнете му на детето да ја научи и да ја цени вредноста на учењето, наместо по секоја цена да сака да биде најдобар. Затоа, посочете му дека пишувањето домашна работа ќе му помогне да порасне и да научи многу работи.

Ветување дека утре ќе биде подобро

Сите родители го сакаат најдоброто за своите деца, но понекогаш децата само сакаат да ги послушате и да ги сфатите нивните чувства. Добар начин за да го направите тоа? Кажете им: „Звучи како да си имал/а тежок ден“.

Ветување дека ќе ги одведете некаде на посебно место за нивниот следен роденден

Вашите деца сакаат нешто посебно и вие сакате тоа да им го овозможите, но повеќето патувања бараат повеќе пари и буџет. Вклучете го детето во тој процес за да има претстава што се случува. На пример, можете да му кажете: „Одењето во Дизниленд би било забавно, но треба да размислиме како да заштедиме пари за да отидеме таму“.