Губењето килограми не е секогаш здраво | Еве кога да посетите лекар

1144

Halperin предупредува дека студијата не можела да разликува дали луѓето во студијата изгубиле тежина намерно или ненамерно.

Колку и да луѓето го слават своето слабеење, тоа не е секогаш здраво, според новата студија која покажува дека губењето на тежината кај постарите возрасни лица е поврзано со рана смрт и со состојби опасни по живот.

Зголемувањето на телесната тежина во староста, од друга страна, не покажало таква поврзаност со смртта кај инаку здрави луѓе, според студијата објавена во понеделникот во JAMA Network Open, објави CNN.

Медицинските професионалци се загрижени кога постарите возрасни лица со здравствени проблеми губат тежина, но научниците сè уште не го разбираат целосно влијанието на промената на тежината врз здравјето на постарите возрасни лица, според водечкиот автор на студијата, д-р Moniri Hussain, клинички епидемиолог и постар истражувач соработник на Институтот за јавно здравје и превентивна медицина од Универзитетот Monash во Melbourn, Австралија.

Студијата опфати речиси 17.000 возрасни лица во Австралија на возраст над 70 години и повеќе од 2.000 возрасни лица во Соединетите држави кои биле на возраст од над 65 години.

Сите кои учествувале во студијата биле измерени на нивниот годишен систематски преглед помеѓу 2010 и 2014 година, според студијата.

Нашата студија покажала дека дури и 5 проценти губење на тежината го зголемува ризикот од смрт, особено кај постарите мажи, рече Hussain.

Зголемувањето на телесната тежина кај здрави постари луѓе, од друга страна, не покажало таква поврзаност, додаде таа.

Утврдено е дека дури и дебелите луѓе се изложени на зголемен ризик од смрт кога изгубиле тежина, рече Perri Halperin, директорка за клиничка исхрана за Mount Sinai Health System.

Халперин не била вклучена во студијата.

Како дел од студијата, на почетокот на истражувањето беа утврдени постојните болести кај испитаниците, а беа исклучени лицата кои имале состојби како што се кардиоваскуларни заболувања, деменција или хронични заболувања, кажала Hussain.

  • Оние кои неодамна биле хоспитализирани исто така се исклучени, што е важно бидејќи хоспитализацијата често е придружена со губење на тежината поради акутни состојби, додаде таа.

Halperin предупредува дека студијата не можела да разликува дали луѓето во студијата изгубиле тежина намерно или ненамерно.

Не се поставени прашања за промените во нивото на активност и квалитетот на исхраната помеѓу основната линија и следењето, така што немаме никакви информации за тоа како тие фактори би можеле да влијаат на резултатите, рече Halperin.

  • Губењето на тежината може да биде фактор на ризик за смрт бидејќи може да сигнализира други проблеми. Губењето на тежината може да биде предупредувачки знак за состојби како рак и деменција и често е поврзано со намален апетит под влијание на воспаление и хормони, вели Hussain.

Хроничните здравствени состојби, исто така, можат да предизвикаат губење на тежината кај постарите возрасни лица со тоа што ќе влијаат на апетитот, метаболизмот и навиките за исхрана, рече Halperin.

Проблемите со подвижноста и несаканите ефекти на лековите исто така може да влијаат на тежината.

Промените во тежината, исто така, може да сигнализираат загриженост за начинот на живот, рече Halperin.

  • Главен фактор кој придонесува за губење на тежината кај постарите лица е социјалната изолација. Други фактори се финансиските проблеми и болните состојби, додаде таа.

Во студиите како овие, важно е да се запамети дека корелацијата не е причинска поврзаност, предупредува Halperin.

Губењето на тежината е поврзано со смртност, но тоа не значи дека губењето на тежината предизвикало смрт на лицето.

Исто така, важно е да се каже дека спротивното не може да се екстраполира или препорача, што значи дека зголемувањето на телесната тежина не мора да го намали ризикот од смртност, рече таа.

Како и секогаш, разговарајте за промените на тежината со вашиот лекар или друг медицински професионалец.

Поуката од истражувањето е дека постарите возрасни лица треба да ги следат нивните промени во тежината, рече Halperin.

  • Ако забележите намалување на бројот на вагата, или можеби вашите панталони се отпуштени, Halperin советува да го известите вашиот лекар за можно следење.

Советите се однесуваат и на медицинската заедница, вели таа. Лекарите и давателите на здравствени услуги треба да знаат дека промените во тежината бараат дополнително тестирање.