Изградбата на двете кули на мостот „Чанакале 1915“, високи 318 метри е завршена.
Овој мост е дизајниран да биде најдол висечки мост во светот со главен распон од 2.023 метри.
Мостот вреден 1,3 милијарди долари, познат и како мост на теснецот Чанакале, се гради во провинцијата Чанакале, во северозападна Турција. Лоциран јужно од градовите Лапсеки и Гелиболу, тој ќе се протега низ теснецот на Дарданелите, на околу 10 километри јужно од Мраморното море.
Мостот е дизајниран од „Cowi“, а конструкцијата е заедничка инвестиција на Даелим, Лимак, СК и Јапи Меркези.
Површината на мостот ќе биде висока 72 метри, со вкупна ширина од 45 метри и максимална дебелина од 3,5 метри, и ќе има шест ленти за автопати (по три во секоја насока).
Изградбата на проектот е започната во март 2017 година, а отворањето на мостот е закажано за во март 2022 година.
Мостот е центар на автопатот Кинали-Баликесир долг 321 километар. Ќе ги поврзе автопатите О-3 и О-7 во Источна Тракија со автопатот О-5 во Анадолија.



















