Тиквички печени со сирење и кајмак | Видео

2318

Во нашиот видео рецепт, научете како да подготвите тиквички печени со сирење и кајмак.

Едноставно, вкусно и брзо јадење во кое префинетиот вкус на тиквичките доаѓа до израз.

Потребни состојки

  • тиквички, 500 гр
  • кајмак/павлака, 400 мл
  • пармезан, 50 гр рендан
  • оригано, 1 лажица сушено
  • магдонос, 2 лажици сецкани
  • лук, 2 чешниња
  • екстра девствено маслиново масло

Подготовка  

Ги чистиме, миеме и сечкаме тиквичките на прстени дебели еден сантиметар, а лукот го чистиме и го сечкаме на ливчиња.

Во тава, на две до три лажици загреано маслиново масло, додадете ги исечканите тиквички и лукот, сушеното оригано и повремено мешајте, пржете го зеленчукот на средна топлина.

Во меѓувреме, истурете го кајмакот/павлаката во сад, додадете го ренданото сирење и сечканиот магдонос и добро измешајте ги состојките.

По околу 10 минути пржење, префрлете го зеленчукот во огноотпорен сад, истурете ја смесата од сирењето, кајмакот и магдоносот, и ставете ги сите заедно во рерна, загреана на 200°C, околу 10 минути.

Јадењето е подготвено и можете да го сервирате.