Нови префикси за екстремно големи и екстремно мали броеви

1647

Во 2022 година, новите термини официјално се додадени во Меѓународниот систем на единици (SI).

Тоа се четири префикси кои опишуваат екстремно големи и екстремно мали броеви, кои немале свои имиња.

Бројот 10 на 27 степен го добил официјалното име ronna (рона); 10 на 30-ти степен на quetta (квета); додека 10 на минус 27 степен доби име ronto; а 10 на минус 30 степен – quecto (квекто).

Овие имиња ја следат конвенцијата за именување, според која префиксите за големи броеви завршуваат на „а“, а оние за мали броеви завршуваат на „о“.

Со овие префикси сега може да се каже дека масата на земјата е проценета на 1 ronagram, а на Јупитер на 1 quettagram; дека масата на електронот е од редот на rontogram, а масата на еден бит податок зачуван во мобилен телефон е 1 quectogram.