Ги “закопала забите” во неговите гениталии за глупост

1072

Еден 52-годишен маж од Китве, Замбија, се здоби со сериозна повреда на неговите интимни делови откако неговата сопруга, наводно, дивјачки ја гризнала неговата машкост затоа што одбил да убие стаорец во нејзината соба.

Абрахам Мусонда е примен во Kitwe Teaching Hospital (KTH), каде се наоѓа на лекување на повредениот скротум.

Заменик комесарот на полицијата во Копербелт, Ботвел Намусуа во вчерашното интервју го потврди инцидентот.

Г-дин Намусва изјавил дека г-дин Мусонда се скарал со неговата сопруга Џулиет Мукупа (40) за стаорец кој ја преплашил во нејзината соба.

Имено, Џулиет збеснала кога го видела на кревет откако се вратила од град.

Не можејќи да спие поради стаорецот, го замолила сопругот да го избрка од куќата. Тој одбил и започнале расправија, при што неговата сопруга ги закопала забите во неговите гениталии. По инцидентот, тој бил пренесен во болница за итна операција.

Полицијата подоцна открила дека парот е пред развод и дека тие живеат во иста куќа, но во посебни простории.