Кое е времетраењето на идеалниот секс?

345

Научниците спроведоа голем број анкети за да разјаснат кое е времетраењето на идеалниот секс.

И стоперката на одговорите застана во интервалот од 15-20 минути, иако многу жени не се согласуваат со научниот заклучок. Во последното анкетирање по прашањето учествуваа 15 000 мажи и жени. Од нив 89% беа хетеросексуални.

Повеќето од нив тврдат дека нивниот секс траел 10 минути, но тие не би имале ништо против да се продолжи времетраењето на чинот.

Мажите признаа дека за совршен секс се доволни 20 минути. Жените велат дека 20 минути не се доволни за квалитетен сексуален однос и тие агитираат за продолжување на сексуалното искуство.

Од сите учесници 55% од жените и 30% од мажите признале дека периодично симулираат оргазам, за да го прекинат половиот акт, а 9% од анкетата се самозадоволуваат, дури и кога имаат постојани партнери.

Анализирајќи ги податоците, научниците конечно стигнаа до заклучок дека совршениот сексуален чин не надминува 20 минути. Оваа бројка беше потврдена и од претходните истражувања, очигледно потребите на луѓето не се променети.