Уништувачки навики за врските кои ги сметате за нормални

153

Со текот на времето човек започнува да се носи по течението на врската, па дури и не сфаќа дека таа можеби не е она што го сака.

Создаваме навики и веќе сме изградиле конкретно однесување и реакции во дадени ситуации, кои всушност не се нормални и се подразбираат за едни нездрави односи.

Сајтот Quora откри кои се најтоксичните навики за една врска. А, вие правите ли така?

1. Зборувате за минатите настани

Без разлика каков е актуелниот спор, едната страна сака да се враќа назад во времето и да ги вади сите валкани кошули и грешки на партнерот. Тоа ги вели само за да може да го иритира другиот и да ја продлабочи расправијата. Минатото, што е простено, треба да остане во минатото!

2. “Заложник” во врската

Жените често се служат со еден потфат за да доминираат во спорот, имено заканите дека ќе стават крај на врската. Ја знаете приказната за лажливото овчарче? Неколку пати тоа може да помине, но конечно на него ќе му здодее и ништо чудно тој прв да ве шутне.

3. Пасивна агресија

Кога двајцата партнери не се согласуваат, убаво е работите да се кажат во чист текст во очи. За жал, дамите преферираат да алудираат дека нивниот партнер уште еднаш не ги разбира, што сепак нема да ја реши ситуацијата, бидејќи недоумиците остануваат. Подобро да си кажете што не ви е океј во конкретниот случај.

4. Купување на “решенија”

Материјалните подароци се одличен гест, но не и кога ги заменуваат целосно зборовите и влегуваат во улогата на поткуп или се резултат на чувство на вина. Мажи, зборувајте со саканата жена, ако сте погрешиле или сакате да ја убедите во нешто. Откако ќе гти разјасните работите почекајте ден-два и тогаш израдувајте ја со нешто убаво, но не за да ѝ го купите нејзиното одобрување и прошка.

5. Љубомората

Нема лошо во тоа да љубоморите на партнерот, бидејќи тоа ги покажува чувствата, но сè треба да има граници. Не го задушувјте партнерот и не барајте од него секој пат да реагира и да се однесува според вашите очекувања.