Многу од луѓето си поставуваат за цел да си легнат пред 23:00 часот во текот на неделата, но обидувајќи се да балансираат помеѓу работата и приватниот живот овој режим останува во графата “најдобри намери”.
Сепак, тим од британски научници предупреди дека ако не дојдете до креветот во разумен рок, се заканувате да наштетите на вашето здравје.
Луѓето кои си легнуваат подоцна се повеќе склони да консумираат нездрава храна, отколку оние кои си легнуваат меѓу 19:00 и 23:00 часот, покажуваат резултатите од истражувањето.
Ноќните птици пијат и повеќе алкохол, кофеин и примаат повеќе шеќер. Пресметките покажуваат дека заспивањето доцна проголтува во просек 220 калории повеќе секој ден.
Фитнес инструкторите пак ги советуваат оние кои сакаат да ослабат да си легнуваат многу порано од вообичаеното. Лошиот сон влијае на производството на хормони како грелин, лептин и инсулин, кои го регулираат чувството за глад и ситост.