ЈАРЕЦ | Доблести и маани

1231

Јарец – Многумина ве нарекуваат санта мраз.

Сликата која луѓето ја имаат за вас е, тоа што од нив секогаш го очекувате максимумот! Барате премногу, како од себе, така и од другите. Многу сте затворени и со задршка кон околината. Многу тешко ја покажувате својата вистинска емоција, својата вистинска природа. Ве краси сликата на ладна, неемотивна личност. Но, тоа е само вашата маска, студена и добро контролирана маска на Сатурн.

Вие сте едно топло срце обвиткано со ладна надворешност, па на другите им се чините резервирани и нечувствителни, но “мудрото око”, ќе воочи дека зад вашите ѕидови се крие нежна и романтична душа. Имате чувство за чесна “фер” игра во меѓучовечките односи, со леснотијата можете да се прилагодите на различни услови за живеење. Со исклучителна упорност одите низ животот.

Сигурни сте, и на вашето добро однесување, речиси секогаш може да се смета. Ве краси изразен подарок на самоконтролата, а со вашата голема емотивна сила управуваат здравиот разум и силна волја. Ги разбирате другите луѓе и нивните (не)прилики и секогаш се трудите да ги поправите условите за живот во својата околина.

Кога сте во негативна фаза, дозволувате вашата емотивност и сочувство да преминат во песимизам и самосожалување, додека вашиот креативен оган станува во голема мерка деструктивен. Создавате ѕид околу себе, станувате лути на себе, ја губите самодовербата, поддршката, која на сите нѝ е потребна. Во такви ситуации, единствениот лек за вас е вродената смисла за хумор. Користете го. Негувајте весел пристап кон животот. За да вие “санти мраз” бидете освоени од спротивниот пол, потребно е многу љубов, топлина и внимание.

Само топол и нежен збор ќе го стопат мразот со кој сте опкружени и со кој, всушност, се браните од невозвратената љубов. Затоа што сте многу ранливи и со меко срце, само тоа добро го криете. Само се чини дека сте недостапни и ладни, а вие посакувате љубов и дружење.