Научете ги децата да бидат среќни

513

Вредна семејна мудрост која ќе им користи на родителите да ги научат децата да бидат среќни. 

Одел еднаш некој стар мудрец по пат, ја гледал природата и уживал во пролетните бои. Одеднаш здогледал човек кој на својот грб носел товар. Се гледало како под тежината му се тресат нозете.

– Зошто самиот себе се осудуваш на толку тешка работа, на страдање, прашал старецот.

– Се мачам за моите деца и внуци да бидат среќни. Мојот прадедо се осудил себеси на тежок живот и работа за доброто на мојот дедо, дедо ми за доброто на мојот татко, татко ми за мене, а јас ќе се помачам за среќата на моите деца.

– Дали некој во вашето семејство станал среќен?, прашал мудриот старец.

– До сега не, но сметам дека моите деца и вници ќе бидат среќни, воздивнувајќи одговорил измачениот човек.

– За жал, неписмениот човек не може да научи да чита, како што крт не може да одгледа орел, воздивнал стариот мудрец. Најпрво мора да научиш ти самиот да бидеш среќен и дури тогаш ќе можеш своите деца да ги научиш да бидат среќни. Тоа ќе им биде најдрагоцениот подарок од тебе.