Зимата е сезона со најмногу празници и време со најблиските. Но зимата, исто така е и сезоната со најмногу студ и … непотребни калории. Обично, кога имаме акумулирани повеќе масти кои сакаме да ги согориме, нашата прва асоцијација е “спорт”. И тоа е сосема правилно.
Интензивните тренинзи сепак, не се единственото нешто што предиспонира организмите да горат масти. Всушност, за да постигнеме оптимални резултати со спортот, потребно е да го подготвиме телото на таков начин што тоа ќе гори масти поефикасно пред, за време и по самиот тренинг.
Еве и неколку производи кои природата љубезно ни ги обезбедува, за да ни помогнат во оваа предизвикувачка задача:
Зелено (наместо црно) кафе
Стандардното црно кафе од кое се подготвува и популарниот пијалок претставуваат печени зрна кафе. Поради оваа причина, структурата и основните компоненти на кафето се изменети. Обичното кафе кое толку го сакаме наутро рано, има како некои корисни, така и некои не толку корисни својства. Но, не се тие тема на разговор денес.
Од своја страна зеленото кафе по дефиниција се пие во сурова состојба. Со груб изглед, зеленото кафе и неговиот екстракт имаат силно антиоксидантно дејство, што помага за намалување на нивото на лошиот холестерол и триглицериди во крвта. Најчесто тие се мелат, за да се додадат на здрави шејкови или да се консумираат во најконцентрираната варијанта во капсули кои се раствораат во телото.
Зеленото кафе е еден од најсигурните начини да ги направите тренинзите за горење масти поефикасни.
Бел чај
Различните видови на чаеви носат многу поволни за организмот бенефиции. Воопшто не е случајно што чаевите станаа водечки дел од азиската култура. Во источната култура, бел чај, на пример, не бил прифатен само како пијалок, туку како лек за секојдневно одржување на личното здравје. Нешто повеќе – тој е употребен како главно оружје против акумулација на нови масти.
За жал, белиот чај не бил масовно раширен во западниот свет. Барем пред научниците да ги откријат корисните својства, од кои источниот свет користел со векови. Белиот чај се обработува од телото полесно од црниот и зелениот чај. Ова овозможува да бидат задржани високите нивоа на антиоксиданси и поддржувачки материи во него.
Плодот на акај
Акај е вид боровинка, која расте во амазонските дождовни шуми. Научниците тврдат дека таа содржи вредни амино киселини и заслужува да се смета за моќен имуностимулатор и антиоксидант. Иако не содржи кофеин, плодот го стимулира во организмот трошењето на енергија на сите можни начини. Така, на природен начин, организмот го согорува и вишокот масти.
Плодот на акај дава посвеж општ изглед и храни со дополнителна енергија против заморот. Ја зајакнува брзината на горење масти и се бори со оксидативното оштетување на клетките. Акај успева да ни го даде потребниот поттик кон спортот, како сеопфатно зголемување на циркулацијата на крвта и предиспонирачки за вежбање.