Можеби на некому ќе му звучи претерано, но сексот е буквално причината поради која опстојува животот на Земјата.
Некои луѓе решаваат да го практикуваат често, но некои одат во другата крајност и (по нивен избор или не) целосно апстинираат од секс.
Дали тоа носи некакви последици?
Дали некогаш сте се запрашале дали сексот му е потребен на вашето тело? Или пак мислите дека тоа е само дел од животот кој може, но не мора, да биде дел од вашето секојдневие?
Некои религии и религиозни групи дури ги убедуваат нивните следбеници да апстинираат од секс на одреден период, поради спиритуално и физичко „прочистување на телото“. Можеби не сте свесни за тоа, но вашето тело навистина се менува кога ќе престанете да сте сексуално активни.
Влијае на вашите соништа
Соновите се една од мозочните функции, која ја доживуваме исто како задоволството и болката. Човечкиот мозок се состои од интересна мрежа од хемикалии, кои работат заедно за да ни обезбедат среќа и здравје. Истражувањата покажаа дека недостатокот од секс во вистинскиот живот резултира во многу чести сексуални сонови кај луѓето.
Ја подобрува самосвеста
Чувството на среќа, задоволство и прифатеност доаѓа од хемиските реакции на мозокот. На истиот начин влијаат и сексуалните активности, кои лачат хемикалии што прават да се чувствувате неверојатно. Недостатокот од секс предизвикува хемиски дисбаланс, што прави да сте многу посвесни за вашата околина – а тоа може да предизвика лоши чувства и депресија.
Продолжува на страна 2



















