Што му се случува на вашето тело кога немате секс?

1500

Стресот се зголемува

Сексуалното ослободување е природен начин да го отстраните стресот – тоа не е само човечки, туку и животински инстинкт. Апстиненцијата од секс ќе предизвика наталожување на стресот, кој пак може да влијае на вашето здравје, односно да се манифестира преку главоболки, лош сон, проблеми со исхраната и слично. Послушајте си го телото и практикувајте секс.

Имунитетниот систем слабее

Вашиот имунитетен систем ви помага да се изборите со бактериите, а неговото слабеење би можело да ви предизвика голем број здравствени проблеми. Сексот го зајакнува имунитетниот систем, така што – колку почесто имате секс, толку повеќе ги зголемувате шансите дека успешно ќе се изборите со (или ќе ги избегнете) болестите.

Менталниот перформанс може да се подобри

Во зависност од тоа како го водите вашиот живот, ова може, но и не мора да важи за вас. Сексуалната неактивност може да ви помогне да имате повеќе повеќе време и енергија за извршување на ментални функции. Наводно, апстиненцијата влијае на зголемување на концентрацијата и трпението, што значи дека вашиот мозок (во одредени случаи) работи подобро без секс. Кој би рекол?