Мажите гледаат помалку порно по свадбата

1287

Ова го покажува истражување со учество на 100 брачни парови, тврди “Хиндустан тајмс”.

Сексолозите сакале да разберат како се менува односот кон сексот по бракот. Пред ставањето на бурмите само 9% од понежниот пол гледале порно.

Но, откако поминале под венчило бројот на жените, кои кликале низ каналите за возрасни, се зголемил тројно – 28 проценти. Кај мажите е обратно – 23% се навлечени од порното, пред да се задомат, и само 14% потоа.

Истражувачите се труделе да ги проучат и сексуалните преференци. На 13% од мажите и 12% од жените им се допаѓал вагиналниот секс, а 2% од мажите и 0,4% од жените – аналниот.

Во исто време на 5,9% од мажите и 6,9% од жените најмногу им се допаднало да ги отелотворуваат своите фантазии. Сексолозите велат дека честото гледање порно е поврзано со силна сексуална желба.

По свадбата мажите најверојатно фрлаат повеќе напори да ја заземат поповолна положба во општеството, објаснуваат експертите. Сепак, тие не ја исклучуваат и варијантата дека кај мажите, минати под венчило, порното го заменува реалниот секс.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.