Дали може да се умре од тага и од “скршено срце“?

406

Најновите истражувања покажуваат дека покрај тоа што “скршеното срце“ навистина може да боли, луѓето кои многу страдаат можат да умрат.

Синдромот на скршено срце, според најновите американски истражувања, навистина може да предизвика смрт. Овој феномен е најизразен кај вдовиците и вдовците, а тоа се должи на големиот емоционален стрес.

Во истражувањата учествуваа над 26.000 луѓе кои имале повеќе од 50 години.

Се испоставило дека три месеци по смртта на сопругата или сопругот, луѓето кои ги изгубиле своите сакани партнери имаа 66% поголема веројатност да умрат, со оглед на тоа големиот број на луѓе кои учествуваа во истражувањето завршиле трагично.

Научниците тврдат дека синдромот на скршеното срце во суштина претставува срцева состојба за време на големиот емоционален стрес, а голема промена заради губење на партнерот е добра основа за овој феномен.

Научниците напоменуваат дека резултатите не се изненадувачки со оглед на фактот дека постарите луѓе имаат тенденција да поминуваат низ депресија и проблемите кои доаѓаат во подоцнежните години.

Уште еден голем проблем кој е поврзан со смртта на партнерот е самотијата која многу луѓе не можат да ја поднесат.

Ова е многу изразено кај мажите кои тагуваат по својата сакана сопруга, затоа што слабо го посетуваат другите членови од семејството, бидејќи жената беше таа која го поттикнувала собирањето на семејството.

Причината може да биде и загриженост за здравјето.

Додека едниот партнер се грижи за другиот болен партнер, тој го занемарува сопственото здравје. Некои научници тврдат дека причина за оваа е промена на животниот стил. Можеби дури и порано партнерите практикувале вечерна прошетка, можеби подобро спиеле или редовно земале лекови.

Со оглед на тоа дека овие истражувања ги правеле на постарите луѓе, не е познато како смртта на партнерот дејствувала во неговите младешки денови.

Сепак, од сите учесници кои учествувале во истражувањето, се покажало дека колку тие се помлади, толку потешко ја поднесуваат смртта на брачниот другар.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување