Светски познат кардиохирург говори за она што навистина ги предизвикува болестите на срцето | Видео

2203

Од 2010 година на блогот тврди дека стравот од маснотиите и холестеролот е голем неоснован мит и заблуда и дека кампањата против холестеролот е најголемата измама на 20 век.

Што велите вие, почитувани лекари, кои случајно ги начекавте овие страници?

Еве што вели д-р Dwight Lundell:

Ние лекарите со целото наше образование, пракса, знаење и авторитет, често поседуваме значително его, заради кое многу тешко признаваме дека сме во грешка. Значи, еве: отворено признавам дека бев во грешка. Како кардиохирург со 25 години работно искуство, откако извршив 5000 операции на отворено срце, дошло време да се поправи она што е погрешно со медицинските и научните факти.

Долги години работев со други истакнати лекари, т.н. opinion maker – креаторите на јавното мислење. Бомбардирани со научна литература, постојано посетувајќи образовни семинари, ние креаторите на јавното мислење, инсистиравме на тврдењето дека срцевите заболувања настануваат заради повисокото ниво на холестерол во крвта.

Единствената прифатена терапија беше препишување на лекови за намалување на холестеролот и диета со многу ограничен внес на маснотии. Тоа природно би го намалило само по себе нивото на холестеролот и срцевите заболувања. Отстапувањата од овие препораки се сметаат за ерес и злоупотреба.

Но, ова не функционира!

Овие препораки не можат веќе ниту научно, а ниту морално да се оправдаат. Откритието од пред неколку години, дека вистинската причина за срцевите заболувања, воспалението на артериите, полека доведува до промена на парадигмата во начинот на лекувањето на болестите на срцето и другите хронични заболувања.

Одамна воспоставените препораки за исхраната доведоа до епидемија на дебелината и дијабетесот, кои по смртност, човечкото страдање и материјалните трошоци ја надминаа секоја друга чума во човечката историја.

И покрај фактот дека 25% од населението внесуваат скапи статини (лекови за намалување на холестеролот) и дека го намалиле внесувањето на мастите во нашата исхрана, сепак оваа година од срцеви заболувања ќе умираат повеќе Американци отколку кога било досега.

Статистичките податоци од American Heart Associations (американското здружение за срце) покажува дека 75 милиони Американци во моментов страдаат од срцеви болести, 20 милиони имаат дијабетес и 57 милиони имаат пред-дијабетес. Овие нарушувања секоја година ги погодуваат сите млади луѓе во сѐ поголем број.

Едноставно речено, без воспалителниот процес присутен во телото, не постои начин холестеролот да се надгради во ѕидовите на крвните садови и да предизвика срцеви заболувања и мозочен удар. Без воспалителен процес, холестеролот слободно би циркулирал низ телото онака како природата тоа го одредила. Воспалението е она кое предизвикува холестеролот да остане заробен во крвните садови.

Воспалението не е ништо комплицирано. Тоа е едноставно природната одбрана на телото против напаѓачите, како што се бактериите, вирусите или токсините. Циклусот (процес) на инфекцијата е совршен начин како се штити нашето тело од овие бактериски и вирусни напаѓачи. Меѓутоа, ако хронично го изложуваме телото на повредите од токсините или од храната за која нашето тело не е создадено да ја преработува, како резултат на состојбата настанува хроничното воспаление. Хроничното воспаление (инфламација) е исто толку штетно, колку што е акутното (моменталната) воспаление корисно.

Кој човек доброволно би сакал да се изложува на храна или други супстанции за кои се знае дека предизвикуваат повреди во телото? Па, пушачите можеби, но барем тие го прават тоа намерно и свесно.

Ние останатите едноставно само ја следиме службено препорачаната исхрана која е со ниско ниво на заситени масти, но богата со повеќекратно незаситени масти и јаглехидрати, без да знаеме дека со тоа ги предизвикуваме повторените повреди на нашите крвни садови. Овие повторени повреди предизвикуваат хронично воспаление кое води до срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес и дебелина.

Дозволете ми да повторам: повредите и воспалението во нашите крвни садови е предизвикано со исхрана со многу малку масти, која се препорачува од водечките медицински кругови.

Кои се најголемите виновници за хроничните воспаленија? Мошне едноставно, тоа е прекумерната употреба на високо преработените јаглехидрати (шеќер, брашно и сите производи направени од нив), како и прекумерната употреба на растителните масла богати со омега 6, како што се сојино, пченкарно и сончогледово масло, кои се наоѓаат во голем број индустриски производи.

Издвојте еден момент и визуелизирајте дека постојаното триење со четка по меката кожа додека таа не стане црвена речиси ќе прокрвари. Замислете дека ова го правите неколку пати на ден, секој ден, пет години. Ако би можеле да го поднесете ова болно четкање, би имале крвава, потечена, инфицирана област која станува полоша со повторување на повредата. Вака изгледа некои воспалителен процес кои можеби се случува во вашето тело – во моментов.

Без разлика каде воспалителниот процес почна да се случува, во или надвор, сосема е исто. Погледнав во внатрешноста на илјадници и илјадници артерии. Заболените артерии изгледаат како некој да ја зеде четката и да струга по нивните ѕидови. Неколку пати на ден, секој ден, храната што ја јадеме создава мали повреди, кои се претвораат во сериозна повреда и предизвикуваат телото постојано да одговара со воспалителен процес.

Додека уживаме во вкусот на слаткото пециво, нашето тело алармантно одговара како што некој напаѓач објавува војна. Храната преполна со шеќер и јаглехидрати, обработена со омега 6 маснотиите заради подолг рок на траење, го претставува столбот на американската исхрана за најмалку шест децении. Ваквата храна полека ги труе сите.

Шеќерот, брашното и растителните масла се причините за кардиоваскуларните болести

Продолжува на страна 2