Нема потреба од паника бидејќи астероидот треба да не помине на далечина од околу пет, шест милиони километри.
НАСА внимателно го следи големиот астероид 388945 (2008 TZ3) кој се движи кон Земјата. Американската вселенска агенција очекува дека тој ќе се приближи до нашата планета на 15 мај, пишува The Sun.
Се предвидува џиновската вселенска карпа да биде широка до 490 метри.
Астероид со оваа големина би предизвикал сериозна штета доколку удри во Земјата. Сепак, нема потреба од паника бидејќи треба да не помине на далечина од нешто повеќе од пет, шест милиони километри.
Сепак, тоа можеби звучи прилично далеку, но во огромното беспаќе на универзумот воопшто не е голема далечина. Поради тоа, НАСА го опиша приближувањето на астероидот како „близок пристап“.
Инаку, доколку астероидот се приближи до Земјата на 7,48 милиони километри и ако е поголем од одредена големина, претпазливите вселенски агенции го сметаат за „потенцијално опасен“. Астероид кој се приближува до Земјата во недела одговара на овој опис.

НАСА истражува метод за одбрана од астероиди
Астероидот 388945 (2008 TZ3) би требало да помине покрај Земјата околу 17.18 часот по европско време со брзина од нешто повеќе од 29.000 километри на час. Некои експерти се загрижени дека Земјата сè уште не е подготвена да се одбрани од потенцијално смртоносни астероиди.
Извршниот директор на SpaceX, Илон Маск, еднаш изрази загриженост преку твит: „Голема карпа на крајот ќе ја погоди Земјата, а ние во моментов немаме одбрана“.
НАСА сè уште истражува некои одбранбени методи. Таа неодамна ја лансира својата мисија Double Asteroid Redirection Test (DART).
„DART е првата мисија посветена на истражување и демонстрација на метод за отклонување на астероид со промена на неговата траекторија во вселената со кинетичко влијание“, објасни НАСА.
Се очекува во септември вселенското летало DART да се забие во мал астероид наречен Dimorphos, со цел да го тргне од курсот.



















