РЕКОРДИ, ИНТРИГИ И СПЛЕТКИ | Десет неверојатни факти кои едноставно не тераат да го обожуваме натпреварот за песна на Евровизија

1713

Само неколку часа не делат од најочекуваниот музички натпревар во светот.

И додека го чекаме финалето на 66-тото издание на Изборот за песна на Евровизија, да се потсетиме на рекордите, интригите и сплетките кои го одбележаа Изборот за песна на Евровизија низ историјата.

За многу изведувачи, Изборот за песна на Евровизија е отскочна даска за меѓународна кариера. Покрај минатогодишните италијански победници, добри примери се ABBA,Julio Iglesias и Celine Dion. Нема да верувате, но пред светски познатата „My Heart Will Go On“, Celine ја претставуваше Швајцарија на Евровизија.

Loreen е уште еден изведувач на кој Евросонг и обезбеди светска кариера. Таа со својот настап собори еден рекорд – дури 18 земји и дадоа максимални 12 поени.

Првиот натпревар за песна на Евровизија е одржан во 1956 година во Швајцарија. Целта на самиот избор за песна на Евровизија, како и неговото мото, е „обединување на народите преку песна“. На првиот натпревар учествувале само седум земји. Моделот на самото натпреварување бил мегапопуларниот италијански фестивал San Remo. На првиот натпревар учествувале Германија, Холандија, Швајцарија, Белгија, Франција, Италија и Луксембург. Австрија, Данска и Обединетото Кралство исто така сакале да се натпреваруваат, но задоцниле на крајниот рок за пријавување. Победата и припаднала на Швајцарија со песната „Refrain“.

Ирецот Johnny Logan, со вистинско име Sean Patrick Michael Sherrard, е единствениот кој може да се пофали со три победи на Изборот за песна на Евровизија. На две е потпишан како изведувач во 1980 и 1987 година со песните „Hold Me Now“ и „What’s Another Year“, а во 1992 година ја потпиша победничката песна „Why Me?“ во изведба на Linda Martin.

Она што се случи во Мадрид во 1969 година е единствен случај во историјата на Изборот за песна на Евровизија. Дури четири земји ја поделија титулата за најдобри. Исто толку поени освоија Велика Британија, Шпанија, Холандија и Франција. Претставници на Југословија беа Иван и 4М. Песната „Поздрав до светот“ заврши на 13. место заедно со Италија.

Германскиот композитор и текстописец Ralph Siegel е автор на дури 24 песни кои некогаш се натпреварувале на Евровизија. Во 1982 година победи со песната „Ein Bißchen Frieden“, изведена од тинејџерката Nicole Seibert. Песните на Siegel ги пееја претставниците на Германија, Луксембург, Швајцарија, Црна Гора и Сан Марино и со нив има освоено три втори и две трети места.

Норвешка дури 11 пати има завршено на последно место: последниот беше 1963, 1969, 1974, 1976, 1978, 1981, 1990, 1997, 2001, 2004 и 2012 година. во 1985, 1995 и 2009 година. Но, „кој е доле, сега е горе“, па Норвешка може да се пофали и со три победи во 1985, 1995 и 2009 година.

Едно од правилата на Евровизија вели дека сите гласови мора да се пеат во живо и дека не е дозволено синхронизирање на придружните вокали. Единствената земја што го игнорираше ова правило беше Хрватска. Иако Хуљиќ, кој ја напиша песната, се правдаше дека се работи за вештачки создадени звуци, ЕБУ по натпреварот и одзеде третина од бодовите на Дорис.

Најкратката песна изведена на Евровизија траела само минута и 27 секунди: тоа е песната „Aina mun pitaa“, на финскиот панк рок бенд Pertti Kurikan Nimipaivat. Најдолгата песна е италијанската „Corde Della Mia Chittara“, од Nunzio Gallo, со траење од 5 минути и 9 секунди.

Изборот за песна на Евровизија исто така има историја на непопустливост меѓу земјите. На пример, јорданската национална телевизија емитувала слики од цвеќиња за време на настапот на израелскиот претставник во 1978 година, а преносот бил прекинат пред да биде прогласен победникот, бидејќи израелците победиле. На своите гледачи им кажале само дека победила Белгија, која всушност била втора.

Евровизија има своја книга на рекорди, а во неа е Maja Blagdan, која на Евровизија во 1996 година го освои четвртото место со песната “Sveta ljubav”. Маја тогаш го “извлече“ тонот b5, кој бил највисок тон до минатата година, кога е претекната од израелскиот претставник Eden Adane, кој го отпеа тонот Б6 во песната “Set Me Free”.