Многу е важно на своето дете од мали нозе да му всадите здрави навики во исхраната, меѓутоа има многу родители на кои им е „слатко“ детето кое јаде слатки и не разбираат колку штета му нанесуваат со тоа на подолг рок.
Едноставно речено, шеќерот затапува. Шеќерот ја уништува концентрацијата и способноста за учење.
Шеќерот и заби
Десертите како што се слатките (тука спаѓаат и бискитите, на кои „сите ние пораснавме“), чоколадата и сувото овошје, содржат големо количество шеќер. Процесите кои водат до кариес почнуват од оној момент кога вашето бебе ќе биде изложено на шеќер. Шеќерот го зголемува растот на бактериите и киселината која предизвикува кариес.
Здравје
Слаките се калориска силна храна, полни со шеќер, а без никакви здрави нутриенти, како што се протеините, витамините и минералите. На вашето бебе кое секојдневно расте му е потребна избалансирана исхрана, која ќе му ги даде сите намирници неопходни за раст и развој, а тоа во слатките го нема. Раното давање слакти може да има сериозни последици подоцна во животот. Слатките се полни со празни калории и можат да влијаат на зголемување на телесната тежина.
Препораки
Не се советува давање слатки на детето пред втората година и секако, што поретко и потоа. Во спротивно доживотно можете да го упропастите со тоа што од мали нозе ќе го научите секогаш да биде зависник од шеќер, (нема да сака да јаде овошје, зеленчук и зошто бо јадело кога тоа не е доволно слатко?!).