Најчести грешки со кои родителите лошо влијаат на своите деца

1452

Во текот на своите долгогодишни истражувања, експертот и авторот на најпродаваните книги за детска психологија, Тим Елмор, открива неколку грешки кои родителите често ги прават при воспитувањето на децата, а можат да ја намалат нивната самодоверба.

Тој вели дека постојат 7 главни грешки кои ги ограничуваат децата уште од рана возраст да пораснат во зрели личности кои се полни со самодоверба, а со тоа се намалуваат и нивните шанси да бидат успешни во својата кариера и општо, во животот.

Ова се грешките кои треба да се избегнуваат 

1. Не им дозволуваме да децата да ризикуваат

Живееме во свет каде луѓето наоколу постојано не предупредуваат за опасностите, а токму тој страв нè тера да ги заштитуваме нашите деца. Некој би рекол дека тоа е работа на секој родител и не би бил далеку од вистината, но прекумерната заштита има и негативни ефекти.

Психолозите откриваат дека децата кои не си играат надвор, кои никогаш не си ги удриле колената, не паднале на своите лакти, не се изгребале… често имаат фобии како возрасни.

Децата треба неколкупати да паднат, пред да научат дека тоа е нормално, како тинејџери, треба неколкупати да раскинат, за да научат како изгледа зрелата и стабилна врска…

Накратко, сите оние работи од кои се плашиме дека ќе ги повредат нашите деца можат да ги научат важни лекции за животот.

2. Ги „спасуваме“ премногу брзо

Денешната генерација на млади луѓе немаат развиено животни вештини како пред 30-на години, бидејќи возрасните не им дозволуваат сами да си ги решат проблемите, туку веднаш се ангажираат да им помогнат и да ги „спасат“ од непријатните ситуации.

На тој начин, децата учат дека секогаш ќе имаат помош за да се соочат со проблемите и се навикнуваат на помошта која ја добиваат, па немаат можност да развијат корисни вештини со кои умешно ќе се снаоѓаат во животот.

Продолжува на страна 2