Ниту возрасните не би требало да се изложуваат на сонце без висококвалитетни препарати со соодветен фактор за заштита, но доколку имате деца, запомнете дека ова треба да го сфатите многу, многу сериозно.
Нека вашата основна мисија ова лето биде оваа нежна детска кожичка да ја заштитите од сонцето.
Постојат студии кои укажуваат дека е доволно детето само еднаш сериозно да изгори на сонце во раната возраст, и подоцна ризикот од меланом во повозрасните години да биде дури и за 50 проценти поголем.
„Истражувањата покажуваат дека многуте луѓе кои изгореле на сонце во раното детство нема со сигурност да добијат рак на кожа, но сепак во некои случаи доволен е само еден пат за ризикот од меланом да биде и за 50 проценти повисок “, вели дерматологот д-р. Монти Лиман.
Немојте да се коцкате со нивното здравје. Не ги пуштајте децата надвор без заштита од сонцето.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.