Некои хороскопски знаци се поромантични од други, други би се обложувале на класиците, а трети сакаат нешто спонтано и нестандардно, особено кога станува збор за свадба.
Процесот околу подготовката на свадбена церемонија обично е стресен за повеќето венчани и за тоа е важно конечно се да помине прекрасно, онака како што го замислувате во своите соништа.
Еве неколку идеи како да организирате идеална свадба, базирана на вашиот хороскопски знак:
Овен
Луѓето од овој знак се страстни и спонтани. Тие сакаат авантури и за тоа за нив најпогодни се опуштените свадби, некаде во природа, може и во лозарски регион или во планината. Најважно е во прославата да има некои нетрадиционални елементи и повеќе изненадувања за гостите. Темата на свадбата може да е во огнена црвена и бела боја. Црвеното сепак ја симболизира љубовта и плодноста. Овенот би избрал уникатни венчални прстени со масивен дизајн.
Бик
Биковите имаат вродена смисла за стил и нивната свадба треба да е празник за сетилата.Луѓето од овој знак ја ценат убавата храна и менито на нивниот свадбен ден навистина ќе биде импресивно, особено тортата. Биковите, слично на луѓето претставници на знакот Овен би се радувале на свадба на отворено – во ботаничка градина, на пример. Шемата на бои на прославата може да е во розово – оваа боја симболизира безусловната љубов. Вистинскиот Бик би избрал едноставен венчален прстен со традиционален дизајн.
Близнаци
Луѓето од овој знак се друштвени и весели по природа. На нив им одговара свадбарскиот тип забава, со повеќе млади луѓе и шарена декорација. Близнаците би организирале свадба и во делничен ден, бидејќи се малку ексцентрични. Покрај тоа, тие би се ожениле и набрзинка, само со кумовите и во секојдневна облека. За нив идеалната е свадба во рурална област, а тонот на бојата може да е во жолто или во златно. Најдобрите венчални прстени за Близнаците се потребните модели од бело злато.
Рак
Луѓето од овој знак се емоционални и сентиментални. Тие би се радувале на една старомодна, но удобна свадба, организирана некаде во родниот град, за да се чувствуваат како дома. Претставниците на Рак се чувствителни и романтични, па би се запреле на прослава со фантастични елементи, но со мал број гости, за да биде интимна атмосферата. Сребрената боја која го симболизира спокојството и мирот, е идеална за тонот на бојата на свадбата. Венчалните прстени на Ракот може да се со фин, нежен дизајн.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















