Свадбите според хороскопскиот знак

1174

Стрелец

Луѓето од знакот Стрелец се спонтани, енергични, неконвенционални и имаат авантуристичка натура.Тие би се радувале на свадба во петокот вечер, која сепак ќе трае минимум до недела. Стрелците се многу живи и сакаат егзотика, така што нивната свадба може да е со чудни и уникатни елементи, карактеристични за други култури. Шема на бои на прославата може да е во темно сина или виолетова, бидејќи овие нијанси симболизираат креативност.Најсоодветниот венчален прстен за стрелец е со мошне чуден дизајн.

Јарец

Луѓето од овој хороскопски знак се елегантни, но и малку резервирани по природа. Тие би се радувале на интимна, романтична свадба во стилот на официјална вечера во саботната вечер. Јарците ја сакаат историјата и митологијата, така што тие би планирале свадба со сите важни обичаи, предадени од предните генерации. Светло сивата боја е идеална за темата на свеченоста, бидејќи симболизира класа и моќ. Најдобриот венчален прстен за Јарецот е антички, но скап.

Водолија

Овие луѓе се фантазери, резервирани и нестандардни по природа. Тие би уживале на некаква нетипична свадба, организирана под ѕвездите, на пример. Човекот Водолија е многу еклектичен – сака да меша стилови и епохи. Тој со задоволство би планирал мала свадба во село или дури и на ливадата во паркот. Идеалната боја за декорација на свадбата му е небесно-сината, која го симболизира мирот. Вистинскиот Водолија би избрал чуден, но шик венчален прстен.

Риби

Луѓето од овој знак се многу емоционални, креативни и имаат имагинативна природа. Тие би се радувале на свадба во близина на воден базен, бидејќи ја сакаат водата. Прославата може да е на брегот на езеро или директно на плажа. Шемата на бои треба да е во виолетова или во темно виолетова, бидејќи оваа боја го симболизира познанието и творечка сила.Најсоодветниот венчален прстен за Рибите е со креативен, уникатен дизајн.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.