Свадбите според хороскопскиот знак

1198

Лав

Луѓето од овој знак емитуваат величие и класа. Тие ја ценат класиката и најдобриот стил за нивната свадба треба да е раскошен и префинет, а церемонијата да е построга и официјална. Тие би се радувале и на свадба во странство. Портокаловата или златна боја, која симболизира оптимизам и топлина, е идеална за овој знак. Венчалните прстени на еден Лав треба да се атрактивни и нестандардни.

Девица

Претставниците на знакот Девица се многу приземни луѓе кои ги ценат деталите и фините работи. Тие би се радувале на неделна свадба во класичен стил со малку носталгични, ретро елементи и обичаи. Комбинацијата меѓу тиркизно сина и зелена боја е перфектна за нив, бидејќи таа ја симболизира бојата на земјата и водата, а тие носат баланс и хармонија. Најсоодветниот венчален прстен за Девицата е оној со традиционален, класичен дизајн.

Вага

Луѓето од хороскопски знак Вага се романтичари кои ја ценат хармонијата во животот. Тие би се радувале на мала, но романтична свадба, чија декорација е од свежи ароматични цвеќиња. Вагите би организирале малку неофицијална и неограничена прослава, исто некаде на отворено, но на нивно омилено место. Шемата на бои може да е во пастелни нијанси, кои симболизираат мир и рамнотежа. Човекот Вага би се запрел на бурма со ретро дизајн.

Скорпија

Претставниците на знакот Скорпија се мистериозни, страсни и изненадувачки. Тие би ја организирале својата свадба на омиленото летно одморалиште, некаде во близина на плажата и морето. Совршениот тон на бојата за нив е црвен, што симболизира сила и топлина. Најсоодветниот венчален прстен за Скорпија е гравиран, но не само со датумот на свадбата, но и со некаква романтична порака.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 3