Поради глобалното затоплување и зголеменото ниво на морињата Лондон, Атина, Дубровник стравуваат од потоп

1073

Новото истражување на НАСА покажа кои европски градови први ќе бидат поплавени поради глобалното затоплување.

Гренланд е на пат да изгуби повеќе мраз во овој век отколку во кој било друг период на холоценот, период од 12 000 години во време кога цвета човечката цивилизација.

Големото топење на мразот на Гренланд ја става Земјата во опасност од големи миграции од секаков вид – што дополнително предизвикува бројни други последици по квалитетот на животот, пишува Национална географија.

Топењето на мразот на Гренланд може да го зголеми нивото на морето за 7,6 метри, што ќе биде поразително за крајбрежните области околу планетата – изјави океанографот од агенцијата на НАСА Џош Вилис минатата година.

За да се утврди сериозноста на проблемот, НАСА смисли алатка со која може да се предвиди кои градови би биле поплавени поради топењето на глечерите.

Научниците го вметнале ефектот на гравитацијата на Земјата и нејзината ротација во „формулата“ со цел да предвидат како водата ќе се „прераспредели“ низ целиот свет.

Алатката за секој град дава јасна слика за тоа кои глечери се од особено значење – рече еден од научниците кои учествуваа во истражувањето.

Промените во Гренланд ја погодуваат целата планета, бидејќи милијарди тони стопен мраз го зголемуваат нивото на морето во Австралија, Азија, Европа и САД.

Истражувањето покажа дека Лондон, Дубровник, Тромсо (Норвешка), Осло, Атина, Сиракуза, Марсеј, Гибралтар и Брест (Франција) треба да се плашат од топењето на големите ледени површини во западниот дел на Гренланд во Европа.