Филе од пастрмка со домати и босилек

953

Потребно

  • 500 г филети од пастрмка
  • 200 г домати, исечени
  • 2 страка свеж босилек, сецкани
  • 4-5 тркалца кромид
  • 3-4 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка црн пипер

Подготовка

  • Зачинете го добро рибното филе со зачините.
  • Наредете го врз хартија за печење во плитка тава.
  • Врз рибата распоредете на парчиња доматите.
  • Посипете го со босилок и кромидот, кој претходно сте го исецкале.
  • Полејте со маслиново масло и ставете ја рибата во хартијата.
  • Може да користите и алуминиумска фолија по желба.
  • Печете во загреана на 200 степени печка за околу 15 минути.