Green Tea | Моќен антиоксидант

58

Секојдневното пиење на зелен чај е одличен начин да се разработи вашиот метаболизам и да го симнете вишокот килограми.

Диетата со зелен чај помага во слабеењето, ја блокира апсорпцијата на јаглените хидрати и помага во согорувањето на масните депоа во телото.

Зелениот чај е моќен антиоксидант кој помага не само во слабеењето, туку штити и од голем број на болести, вклучувајќи и малигни тумори.

Во комбинација со умерен режим на вежби и зелен чај може да се постигнат исклучително добри резултати за својата фигура. Еве како:

Започнете го секој ден со зелен чај

Топол или ладен – не е важно. Важно е да се разбудите со зелен чај рано наутро. Испијте една голема чаша зелен чај наместо кафе.

Пијте уште една чаша зелен чај пред појадок

Појадокот треба да е околу еден час по будењето од сон. Пред утринскиот оброк испијте уште 250 мл зелен чај или една голема чаша. Тоа ќе ви помогне ЗА стимулирање на имунолошкиот систем и метаболизмот.

Покрај тоа, една голема чаша зелен чај пред појадок му овозможува на телото да се искористи од високи нивоа на енергија, како и согорувањето на повеќе калории за време на оброците во текот на денот.

Пијте зелен чај пред пладне

Пред да пристапите кон вашиот ручек испијте уште 250 мл зелен чај. Во прилог на придобивките од зелениот чај испијте и две чаши вода. Резултатот ќе биде помал обем на апсорбирана храна во остатокот од денот.

Во никој случај не пропуштајте го појадокот или ручекот, бидејќи тоа го забавува метаболизмот!

Чаша зелен чај пред пладне помага за намалување на мастите. Му помага на телото да ги острани правилно мастите.

Пијте зелен чај пред вечера

Пред вечера повторно напијте се една чаша зелен чај. Ќе ги забележите истите бенефиции како и кај другите оброци. Минимумот чаши зелен чај на ден треба да е 4. Ако сакате да ја зголемите редукција на тежината, може да си дозволите повеќе чаши зелен чај дневно. Важно е сепак да не се надминуваат 8 чаши.

Тоа е затоа што зелениот чај е природен диуретик и големото количество може да предизвика дехидрација – спротивно на саканиот ефект. Не ги игнорирајте внесот на вода за пиење во текот на денот. Таа исто така е неопходна.

Студениот зелен чај го зголемува согорувањето на калории. Затоа наизменичното внесување на топол и студен чај е одлична комбинација.