Повеќе од половина од денешните мисли се мислите од вчера! 9 неверојатни факти за нашиот ум | Видео

1980

Објавено September 12, 2017. Прочитано 11093

Човечкиот ум е чудесен. Преку него можеме да постигнеме кулминација во нешто, да ги реализираме нашите соништа и да ги оствариме сите наши цели.

Меѓутоа, ако сето тоа го сакаме, прво треба да ги разбереме принципите по кои функционира нашиот ум.

Ве покануваме да ги научите фактите за работата на умот и да започнете да ги користите уште денес.

Менталната работа не го заморува умот

Чувството на замор доаѓа од нашите емоции. Крвта циркулира низ мозокот за време на активната работа, а тој воопшто не се менува.

Иако крвта на човекот кој, на пример, работел цел ден, значително се менува.

Умот обично работи автоматски

Повеќе од половина од денешните мисли се мислите од вчера. Затоа на песимистите им е тешко да ја променат својата перцепција за светот.

Тие буквално треба да го исчистат својот ум и почесто да реагираат на позитивните работи.

Луѓето го гледаат она за што размислуваат

Сите мисли се претвораат во животни искуства. На пример, ако сонуваме за патување во Париз, сѐ ќе нѐ потсетува на тој град.

Ако сакаме да го смениме светот околу себе, прво треба да ги промениме нашите мисли.

На нашиот ум му треба тренинг исто како и на нашето тело

Мозокот не се разликува од мускулите и, исто така, има потреба од тренинг.

Учење, вежбање на свеж воздух, здрава исхрана, здрав сон, патување до нови места, нови активности, водење белешки, танцување, па дури и играње тетрис е корисно за нашиот ум.

Продолжува на страна 2