Секоја година на Оскарите, освен на заслужните филмски уметници, посебно внимание се посветува на фустаните, уникатните тоалети, спорадичните гафови, но и на подароците што ги добиваат номинираните.
Годинава како никогаш досега јавноста „распука“, бидејќи вредноста на подароците надминала 100.000 долари.
Многумина билее огорчени од ваквото однесување во време кога во Украина се води вијна, па повикале барем дел од подароците да бидат донирани за локалното население и бегалците.
Години наназад, подароците се од луксузни чоколади, летни одмори, скап накит, престижни часовници, разни уникатни технички додатоци до наутичка опрема, ексклузивни услуги и специјални дизајнерски колекции.
Според светските медиуми, вредноста на подароците секоја година расте, а сега достигна неверојатни 140.000 долари, а доделени се 28 вакви пакети.
Годинава најскап е тридневен престој во замокот Turin во Шкотска, вреден 50.000 долари и липосукција на надлактиците, која чини 12.000 долари и реновирање од 25.000 долари.
Сепак, иако актерите во своите говори често ја споменуваат војната во Украина и ги повикуваат сите да им помогнат на настраданите, сепак прифаќаат лудо скапи подароци, па овојпат јавноста е неподелена, дека се работи за нескротливо лицемерие.
Водителот на CNBC, Скот Вапнер, напиша дека со часови размислувал зошто номинираните за Оскар добиваат подароци од таква вредност.
Многу критичари исто така сметаат дека најдобро би било актерите кои добиле прескапи подароци да организираат аукција и да донираат пари на организации кои се занимаваат со бегалци.
Една од искрените диви која направи ваков гест во 2020 година е актерката Skarlet Johanson. Таа не го задржала својот комплет подароци, туку ги подарила на организацијата PETA која се занимава со заштита на животните во Америка.